
Преговорите помеѓу Ливерпул и Бајер (Леверкузен) за трансферот на Џереми Фримпонг се на самиот праг да завршат успешно, информира “Кикер”.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според изданието, останува да се прецизираат само некои ситни завршни детали, но веќе може да се каже со сигурност дека Холанѓанецот ќе го замени Трент Александер-Арнолд на десната страна од одбраната во тимот на својот сонародник Арне Слот.
Самиот играч се договорил со клубот од Мерсисајд за петгодишен договор – до летото 2030 година. Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула во договорот на Фримпонг со “аспирините”, која изнесува 40 милиони евра. Според Фабрицио Романо, клаузулата е малку помала – 35 милиони евра, при што двата клуба ја договараат структурата на плаќањето.
Интересно е што во Англија, Фримпонг ќе има статус на домашен играч, а не на странец, поради деветте години што ги помина во академијата на Манчестер Сити. Сепак, тој никогаш не дебитираше официјално со тимот на “граѓаните”.
За Бајер, Фримпонг има постигнато 30 голови и 39 асистенции во 190 натпревари.