Дома Останати Кошарка Лилард стана првиот кошаркар во историјата кој потпиша доживотен договор со „Адидас“

Лилард стана првиот кошаркар во историјата кој потпиша доживотен договор со „Адидас“

Ѕвездата на Милвоки Бакс, Дамиан Лилард, стана првиот кошаркар во историјата кој потпиша доживотен договор со Адидас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лилард го потпиша првиот договор со Адидас пред неговата прва сезона во НБА лигата во 2012 година, а во 2014 го продолжи договорот потпишувајќи верност за десет години вредна 100 милиони долари.

Со оглед на тоа што договорот му истекува наскоро, Адидас му понуди нов, голем договор – доживотен.

На тој начин, Лилард стана четвртиот активен играч кој има доживотен договор со производител на спортска опрема.

Иако не е објавено колку ќе добие Лилард за доживотниот договор, познато е колку заработуваат останатите тројца.

Леброн Џејмс има договор со Најк вреден милијарда долари, Кевин Дурант од Најк добива 300 милиони, додека договорот на Стеф Кари со Андер Армор „тежи“ 75 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…