Дејан Костиќ Дела (35), поранешен водач на навивачите на Борац, беше погоден во глава со повеќе куршуми од пиштол.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во моментот на пукањето Костиќ беше вооружен со пиштол „глок“, кој со куршум во цевката, беше пронајден на местото на злосторот и ќе биде испратен на вештачење.
„На местото на настанот пронајдени се четири чаури од пиштол. Костиќ е погоден во глава со повеќе куршуми, а покрај него беше најден пиштол со куршум во цевката. Пронајдена е и автоматска пушка, која се наоѓаше во багажникот на автомобилот на Костиќ“, вели изворот наведувајќи дека Костиќ, според се, не ни успеал да го употреби оружјето.
Мотивот и околностите на злосторството детално се истражуваат.