Дома Фудбал Ликвидиран водачот на навивачите на Борац: Се вратил по пиштол, па бил застрелан во глава

Ликвидиран водачот на навивачите на Борац: Се вратил по пиштол, па бил застрелан во глава

Дејан Костиќ Дела (35), поранешен водач на навивачите на Борац, беше погоден во глава со повеќе куршуми од пиштол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во моментот на пукањето Костиќ беше вооружен со пиштол „глок“, кој со куршум во цевката, беше пронајден на местото на злосторот и ќе биде испратен на вештачење.

„На местото на настанот пронајдени се четири чаури од пиштол. Костиќ е погоден во глава со повеќе куршуми, а покрај него беше најден пиштол со куршум во цевката. Пронајдена е и автоматска пушка, која се наоѓаше во багажникот на автомобилот на Костиќ“, вели изворот наведувајќи дека Костиќ, според се, не ни успеал да го употреби оружјето.

Мотивот и околностите на злосторството детално се истражуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал пред големи промени: Четворица клучни играчи на излез, нови инвестиции на повидок

По поразот од финалето на Лигата на шампионите, Арсенал се подготвува за летниот трансфер …