Дома Фудбал Легендарниот Рој Макај денеска изгледа непрепознатливо

Легендарниот Рој Макај денеска изгледа непрепознатливо

Легендарниот напаѓач на Депортиво Ла Коруња, Баерн Минхен и Фејнорд, Рој Макај денеска изгледа непрепознатливо.

Иако во последните години не се појавува често во јавноста, а со самото тоа и во медиумите, Макај денеска заигра на Де Куип по повод заминувањето на уште една легенда од фудбалските терени, Дирк Кајт.

Кајт денеска собра голем број холандски и светски легенди, а тука помеѓу останатите беа Стивен Џерард, Ван Перси, Де Јонг, Дудек, Ван Нистерлој итн. Сепак, еден од нив покажа дека се запуштил откако ја заврши кариерата и тоа во секоја смисла.

Тоа е Рој Макај кој според изгледот преминал во друг план. Тоа најдобро го покажува фотографијата на која Макај стои покрај Џерард. Иако и Стивен ја заврши кариерата сепак изгледа како во најдобрите денови, што не може да се каже за Макај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…