Дома Фудбал Легендарниот Пипо Инзаги со палестинско знаме го прослави влезот во Серија А (Видео)

Легендарниот Пипо Инзаги со палестинско знаме го прослави влезот во Серија А (Видео)

Италијанската фудбалска легенда Филипо Инзаги мавташе со палестинското знаме при прославата на влезот на неговата Пиза во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инзаги го презеде водството на Пиза летово и сега успешно ја доведе во Серија А благодарение на нерешениот резултат со Судтирол во 38-то коло – 3:3 беше крајниот резултат.

По последниот свиреж на судијата, беше организирана голема прослава, а легендарниот Пипо заедно со играчите на Пиза мавташе со палестински знамиња.

Пиза во моментот е на второ место со 73 освоени бодови од 37 одиграни натпревари и заедно со Сасуоло се пласира во повисок ранг.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …