Дома Фудбал Легенда на Сити брани фудбалер на Ливерпул: Момчето не треба да се нарекува – змија

Легенда на Сити брани фудбалер на Ливерпул: Момчето не треба да се нарекува – змија

Трент Александар-Арнолд донесе конечна одлука да го напушти својот клуб од детството – Ливерпул и како слободен играч да излезе од договорот во јуни.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според сите светски медиуми, Англичанецот од позицијата десен бек направи договор со Реал Мадрид и во тој клуб ќе дојде како слободен играч.

Бројни навивачи на Ливерпул го нападнаа Трент на сите социјални мрежи, а некои го нарекуваат „Змија“ поради големото предавство кое ќе го направи на клубот каде што се израснал.

Во негова одбрана не застана ниту една легенда на Ливерпул.

Тоа што е интересно е дека една легенда на Манчестер Сити реши да застане на страна на Англичанецот.

Станува збор за Серхио Агуеро кој пишуваше историја на „Етихад“ облечен во „небесно сина“ боја.

„Мислам дека секогаш треба да се почитуваат одлуките на фудбалерите. На крајот на денот тоа е негова одлука и треба да се почитува“, рече Агуеро.

Фото: Liverpool/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново правило во Премиер лигата: Обложувалниците веќе нема да можат да бидат главни спонзори

Од сезоната 2026/27 официјално важи забраната за истакнување на логоа од обложувалници на …