Дома Кошарка Леброн повторно покажа дека годините се само бројка во победата на Лејкерс (Видео)

Леброн повторно покажа дека годините се само бројка во победата на Лејкерс (Видео)

Синоќа во програмата на НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а најубедливата победа ја оствари Лос Анџелес Лејкерс.

Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до нова победа против тимот на Вашингтон Визардс, а конечниот резултат гласеше 96:134.

Беше јасно дека Лејкерс можеа да стигнат до победа уште во првата четвртина кога постигнаа 42 поени.

Сето тоа се потврди во втората кога постигнаа 36 поени и доволно ја засилија одбраната за Визардс да постигнат само 16 поени.

Најефикасен поединец на теренот беше Леброн Џејмс кој за 26 минути на теренот постигна 24 поени, имаше три скока и подели дури 11 асистенции.

Особено се истакна една тројка од контра напад кога Леброн застана уште на знакот на Визардс и погоди, а после тоа и едно фантастично забивање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…