Дома Останати Кошарка Леброн има сериозни проблеми со коленото

Леброн има сериозни проблеми со коленото

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, изјави дека се опоравува од повреда на коленото, за која вели дека му е прва во професионалната кариера.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња се повреди на петтата средба од првото коло на плејофот на НБА лигата против Минесота, а подоцна беше утврдено дека има истегнување на медијалниот лигамент на коленото.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ова е првпат да го повредам коленото за 22 години кариера. Сум имал воспаленија и некои проблеми со капачето, но ова е првпат да морам да одлежам за да се опоравам“, изјави Џејмс.

Според неговите зборови, добрата работа е што ќе има време да се опорави.

За жал, дури и ако победевме во петтиот меч, ќе ја пропуштев шестата и седмата средба и веројатно повеќе од тоа. Сега имам време да закрепнам и да се вратам подготвен“, истакна Џејмс.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џинот Марјановиќ возеше тракторот низ нива и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи…