Дома Фудбал Ла Лига не попушта: Лапорта ќе оди на суд да бара правда за Олмо

Ла Лига не попушта: Лапорта ќе оди на суд да бара правда за Олмо

Барселона успеа да ги обезбеди потребните финансиски средства за регистрација на фудбалерите Дани Олмо и Пау Виктор, но наиде на нова пречка, бидејќи Ла Лига не е подготвена да даде „зелено светло“ за нивното внесување во регистарот на играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако клубот се надеваше дека со средствата од продажбата на ВИП ложите на Камп Ноу, кои вкупно ќе достигнат 100 милиони евра, ќе ги убеди регулаторните тела, одговорот на Ла Лига останува негативен. Оваа ситуација создаде дополнителен притисок врз клубот, кој веќе се соочува со финансиски предизвици и ограничувања.

Според информациите кои ги објави реномираниот спортски новинар Фабрицио Романо, ниту Ла Лига ниту Шпанската фудбалска федерација не планираат да дадат дозвола за регистрација на играчите. Овој чекор го става Барселона во позиција да мора да ја бара правдата преку правен пат, што значи дека случајот би можел да заврши пред судските институции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Демба Ба му се враќа на фудбалот, познато и каде!

Поранешниот репрезентативец на Сенегал и некогашна ѕвезда на европскиот фудбал, Демба Ба, …