Дома Топ вести „Лa Стампа“: Манчестер Јунајтед и Јувентус се договорија се чека само – официјалната понуда!

„Лa Стампа“: Манчестер Јунајтед и Јувентус се договорија се чека само – официјалната понуда!

0
juventus

Според тврдењата на италијанските медиуми во наредните денови би требало да пристигне и официјална потврда за трансферот за кој се договориле Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Како што пишува „Ла Стампа“ трансферот на левиот бек на Јувентус Алекс Сандро е блиску до реализација, а истиот медиум тврди дека во спротивен правец ќе тргне Матео Дармијан, но нема да биде вклучен во зделката на Бразилецот.

Наводно, Манчестер Јунајтед за Сандро е спремен да издвои сума од околу 50 милиони евра, а за истиот пристигнуваат гласини веќе подолго време.

„Ла Стампа“ наведува дека официјалната понуда во Торино би требало да пристигне после финалето во ФА Купот кое на распоредот е во сабота и во кое ќе играат Манчестер Јунајтед и Челзи.

Сандро во Јувентус пристигна во 2015 година од редовите на Порто и со „старата дама“ стигна до три двојни круни во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Топ вести

Проверете

БОМБА: Милан го „краде“ Мората пред носот на Јувентус

Италијанските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Алваро Мората е главна трансфер цел н…