Дома Фудбал Kвачарелија: Македонија е наш должник, во Скопје сакаме одмазда!

Kвачарелија: Македонија е наш должник, во Скопје сакаме одмазда!

Македонија во четврток во рамките од Лигата на Нации ќе се сретне со репрезентацијата на Грузија.

Грузија полна со самодоверба влегува во овој натпревар после двете победи против Гибралтар и Бугарија. Најдобриот играч на Грузијците Квича Квачарелија порача дека посакуваат одмазда против Македонија за нашата победа во финалето во Тблиси преку коај обезбедивме настап на Европското првенство.

„Победата против Бугарија ни дава дополнителен мотив пред гостувањето во Македонија. Тој натпревар е многу важен за нас затоа што во Скопје одиме по одмазда за тој пораз во Тблиси. Македонија е наш должник, ни го зема Европското првенство и сега сакаме да се одмаздиме. Не криеме дека нашата цел е првото место во групата“, изјави Квачаралеија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук во налет: Истра е следниот тест за лидерот

Со четири победи во низа, Хајдук гостува кај седмопласираната Истра во 11. коло од хрватск…