Дома Ракомет Кузмановски: Овој бод му го посветуваме на Јовиќ

Кузмановски: Овој бод му го посветуваме на Јовиќ

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, освоениот бод синоќа со Унгарија на Светското првенство 2025 го посвети на Александар Јовиќ кој вчера ненадејно почина.

– Не потресе веста за смртта на Александар Јовиќ. Тој човек има многу направено за нас. Овој бод нека биде за него. Многу ни е жал и на сите во македонскиот ракомет ќе ни фали во иднина. Што се однесува до натпреварот со Унгарија, горд сум на сите наши играчи.

Верувавме во успех и покажавме како се игра за Македонија. Благодарност до сите наши навивачи кои ни даваа поддршка. Со Холандија да ја повториме денешната игра, да имаме малку повеќе среќа на крај и да се радуваме на победата, изјави Кузмановски.

Натпреварот со Холандија ќе се игра утре со почеток во 18 часот.

Холанѓаните во првото коло од групата Д убедливо ја совладаа Гвинеја со 40:23.

📸 kollektiv /EHF

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар 1961 го освои Нант: Валах блескаше за голема гостинска победа!

Вардар 1961 славеше со 33-27 кај Нант за прва победа сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите.…