
Вардар синоќа во Скопје извојува победа над Пелистер во големото ракометно дерби, по кое капитенот на битолчани, Филип Кузмановски, отворено зборуваше со доза на самокритика.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој истакна дека вардарци не приредиле никакво изненадување во играта, туку дека причината за поразот лежи во сопствените грешки и недоволната концентрација на неговиот тим.
„Ни се повторуваат истите грешки. Вардар не не изненади со ништо, самите сме виновни, треба добро да анализираме и да ги решиме нашите проблеми ако сакаме да се вратиме“, вели Кузмановски.
Фото: RK Eurofarm Pelister