Македонската ракометна репрезентација се подготвува за последниот натпревар од првата фаза на Светското првенство, со надеж дека ќе го заокружи овој дел од турнирот со победа над селекцијата на Гвинеја, што би значело и пласман во следниот круг.
Капитенот на тимот, Филип Кузмановски, изрази задоволство од бодот освоен на почетокот од првенството, истакнувајќи дека тимот ќе влезе во натпреварот со Гвинеја со максимална посветеност и целосен фокус.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Нè очекува последен натпревар во групата. Го отворивме првенството со квалитетни противници и го дадовме максимумот со нив, а на крај сме среќни што освоивме бод против Унгарија. Сега ни следи дуелот против Гвинеја, која не треба да се потцени, туку треба сериозен пристап и победа за пласман во втора фаза. Кога ќе го споредиме европскиот ракомет и селекции кои доаѓаат од Африка, не треба да ги потцениме затоа што обезбедиле пласман на Мундијалот. Мислам дека дел од ракометарите на Гвинеја играат во француското првенство и ќе биде наш предизвик, верувам дека секој што е на првенството ќе даде максимум за својата држава“, вели капитенот.