Дома Фудбал Кристијано Роналдо ги полни батериите на -8, ги покажа и своите мускули (Фото)

Кристијано Роналдо ги полни батериите на -8, ги покажа и своите мускули (Фото)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо на најдобар можен начин ја користи паузата помеѓу двата дела на сезоната во Саудиска Арабија, а овие денови отпатува на зимување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо сподели фотографии од Лапонија, финска област на самиот север на Европа, каде го дочекува Божиќ со своето семејство.

Роналдо ја искористи посетата на Финска и за обиколка на природните убавини, а при таа прилика се сретна и со елените.

На една фотографија позираше гол до појас, на -8 степени Целзиусови и ги покажа мускулите, а во описот на објавата на Instagram им го честиташе на следбениците Божиќ.

“Среќен Божиќ”, напиша Роналдо.

По тринаесет одиграни кола од саудиската Премиер лига, Роналдов Ал-Наср се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 25 поени, дури 11 помалку од лидерот Ал-Итихад.

Сезоната во Саудиска Арабија продолжува на 9 јануари, кога Ал-Наср ќе ја пречека екипата на Ал-Окхдоода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо плачеше како мало дете – остана без уште еден трофеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на јапонската Гамба Осака го победија Ал-Наср со 1:0 во финалето на азиската Б…