Дома Фудбал Кристијано Роналдо се пофали со нова „играчка“ – го има најбрзиот авион во светот!

Кристијано Роналдо се пофали со нова „играчка“ – го има најбрзиот авион во светот!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, кој истовремено е еден од најбогатите спортисти во светот, откри како изгледа неговиот нов приватен авион вреден 70 милиони евра.

Станува збор за авионот Gulfstream G650, кој може да се пофали со врвен дизајн, исклучителна брзина и домет од 7.500 наутички милји, а се смета за еден од најбрзите млазњаци во светот.

Посебно дизајнираниот авион е обоен со сјајна металик боја, а на каросеријата е напишано CR7. Софистицираниот млазњак се состои од кабина со три различни простории за престој, а може да прими до 19 патници. Неговата брзина достигнува и 983 километри на час.

На средината на авионот е нацртана и силуета на Роналдо кој ја прославува погодокот на негов препознатлив начин.

Според пишувањата од Alarabiye, Роналдо претходно поседувал млазниот авион Gulfstream G200 кој наводно го продал за да го купи Gulfstream G650.

Роналдо, кој сега игра за саудискиот клуб Ал-Наср, се најде на врвот на листата на Forbes за најплатени спортисти за 2024 година, со заработка од 250 милиони евра, вклучувајќи 195 милиони евра од неговата плата во Ал-Наср и 55 милиони евра од поддршка и неговиот бренд CR7, кој вклучува облека, модни додатоци, хотели и фитнес сали.

Португалецот е и најследената личност на Instagram, со база на следачи од 645 милиони. Тој наплаќа милиони евра за секоја спонзорирана објава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…