Дома Бокс Кратко и јасно – Ван Дајк се огласи за ситуацијата со новиот договор!

Кратко и јасно – Ван Дајк се огласи за ситуацијата со новиот договор!

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк изјави дека нема никакви информации за новиот договор со клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Ван Дајк, Трент Александер-Арнолд и Мохамед Салах им истекуваат договорите на крајот на сезоната, а во Ливерпул сметаат дека имаат позитивни разговори со нивните агенти за продолжување на соработката.

Ливерпул синоќа во Шпанија ја победи Жирона со 1:0 и ја оствари шестата победа во шест натпревари во Лигата на шампионите, а Ван Дајк беше прашан за договорот.

 “Ниту збор. Ниту збор. Нема вести”, изјави Ван Дајк за Би-Би-Си (BBC).

Единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах од пенал во 63. минута.

 “Тоа е дефинитивно многу важен гол. Беше добро. Мораме да продолжиме, вклучувајќи ме и мене”, додаде холандскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Албанец против Џошуа беше на чекор од сонот, а потоа беше тешко нокаутиран! (Видео)

Ентони Џошуа вечерва го нокаутираше Албанецот Кристијан Пренга во Саудиска Арабија во втор…