Дома Фудбал Конте: Победниците ја пишуваат историјата, другите само ја читаат

Конте: Победниците ја пишуваат историјата, другите само ја читаат

Антонио Конте, изрази задоволство од минималната победа од 0-1 на гостински терен против Лече, што го доближи неговиот тим до Скудетото.

„Ќе бидам искрен – ова беше важен чекор кон титулата, иако не е одлучувачки. Имав страв од овој натпревар, бидејќи Лече се бори за опстанок, а ние пристигнавме во тешка ситуација. Се надевам дека Лоботка ќе биде подготвен за следниот меч, затоа што моментално се распаѓаме. Ни недостигаат Нерес, Бонџорно, Жезус… Многумина мислат дека тоа е нормално, но Оливеира за првпат играше како централен дефанзивец под мое водство. Добро е што тимот реагираше позитивно на овие предизвици“, изјави Конте.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Ако Наполи ја освои титулата оваа сезона, тоа ќе биде историски успех за Конте – Скудето со трет различен клуб.

„Да почекаме прво да се случи тоа. Сум освојувал титули, но и сум губел во последен момент. Ониe што победуваат се запишуваат во историјата, другите само ја читаат“, заклучи Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детали од интерните разговори: Реал се вмеша во зделка од 100 милиони, во Ливерпул бесни!

Летниот трансфер период би можел да биде извонредно возбудлив. Еден од играчите кој ќе бид…