Наполи планира дополнително да се засили во јануари, за да ја задржи константноста и конкурентноста во борбата за Скудетото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Антонио Конте, на првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис му претставил список на фудбалери кои според него би можеле да придонесат во трката за титулата.
Тоа се дефанзивецот Данило од Јувентус, плејмејкерот Лоренцо Пелегрини од Рома и левиот бек Кристијано Бираги од Фиорентина.
Наполи е на само два бода од врвот на табелата и за разлика од главните ривали за титулата, Аталанта и Интер, не игра во Европа и целиот фокус е на Серија А.