Дома Фудбал Комо ќе биде интересен за гледање: Фабрегас убеди ѕвезда да го предводи нападот

Комо ќе биде интересен за гледање: Фабрегас убеди ѕвезда да го предводи нападот

Цеск Фабрегас го одби Интер, а претходно и Милан и Рома и ја продолжува својата авантура. Комо привлече многу неутралци со одлични игри и офанзивен стил на игра во текот на минатата сезона, а приказната ќе продолжи со големо засилување.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанецот успеа да убеди поранешен соиграч од репрезентацијата и Челзи, Алваро Мората да премине во Комо. Минатата година Мората играше за Милан, што заврши лошо, па пролетта ја помина во Галатасарај.

Сега е на раскрсница, постоеше можност за враќање во Хетафе каде сè започна, но Цеск го убеди да дојде по четврти пат во Италија (двапати го носеше дресот на Јувентус).

Несомнено би бил огромно засилување за Комо кој во нападот го има локалното момче, идол на навивачите Патрик Кутроне, фантастичниот млад Сенегалец Асан Диао, а тука е и неверојатниот офанзивен играч од средината Аргентинецот Нико Паз. Веќе го купија Хрватот Мартин Батурина од Динамо. Во клубот има голем број искусни фудбалери кои ги паметиме од големи клубови, Морено, Серхи Роберто, Деле Али.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moќта на социјалните мрежи: Алиша Леман фудбалерка на сезоната – пет пати стартуваше и даде еден гол!

Алиша Леман, која има 27 години, ја доби титулата за најдобра фудбалерка на сезоната во Ле…