Дома Фудбал Кога Роналдо ќе се повлече од репрезентацијата? Крајот може да биде веќе во Лигата на Наци…

Кога Роналдо ќе се повлече од репрезентацијата? Крајот може да биде веќе во Лигата на Наци…

Кристијано Роналдо, според најновите информации, наскоро би можел официјално да ја заврши својата рекордна кариера во дресот на Португалија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По многубројни шпекулации за неговата репрезентативна иднина, конечно се дозна дека датумот за неговото збогување е веќе одреден, пренесува новинарот Мохамед Аваад.

Легендарниот напаѓач се очекува да го одигра својот последен натпревар за националниот тим на 24 септември, во рамки на Лигата на нациите против Велс на стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон.

Оваа ситуација му одговара и на новиот селектор Жорже Жезус, кој не планира нагли промени во составот.

“Некои може да помислат дека дека новиот селектор ќе дојде и ќе промени многу играчи, но тоа нема да се случи бидејќи не сум глупав, а и немам доволно време за да повикам играчи кои не беа на списокот”, изјави Жезус.

Со ова, легендарниот фудбалер добива можност за достоинствено заминување по импресивни 233 натпревари и 146 голови за својата земја.

Иако има 41 година, Роналдо продолжува со својата клупска кариера во Ал-Наср, со кој има договор што важи до летото 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…