Дома Фудбал Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед, според Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот и играчот го имаат договорено секој детал за новиот договор. Тој ќе трае до крајот на сезоната 2030/31, а играчот ќе добие значително зголемување на платата. Мејну може да го потпише договорот уште оваа недела. Официјално известување ќе биде дадено пред крајот на актуелната сезона.

21-годишниот англиски репрезентативец има одиграно 24 натпревари и има две асистенции оваа сезона со тимот на Јунајтед. Тимот од Манчестер се наоѓа на третото место во табелата во Премиер лигата четири круга пред крајот на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ја прегази Валнерина во Италија

Македонскиот шампион Вардар успешно ја продолжува подготовката во Италија, откако убедливо…