Дома Фудбал Клоп: Му препорачувам на Реал да биде реалистичен, шансите да го донесе Пеп не се баш големи

Клоп: Му препорачувам на Реал да биде реалистичен, шансите да го донесе Пеп не се баш големи

Јирген Клоп се осврна на отказот на Чаби Алонсо од клупата на Реал Мадрид, како и на гласините кои го поврзуваат со тој клуб. Во разговор за француската агенција „АФП“, поранешниот тренер на Мајнц, Дортмунд и Ливерпул призна дека веста за Алонсо ја примил со мешани чувства.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чаби Алонсо, кој во 2024 година го однесе Леверкузен до двојната круна – Бундеслигата и Купот, беше сменет по само половина година, а на негово место беше назначен поранешниот негов сограѓанин Алваро Арбелоа. „Си помислив: ‘Како е возможно?’ А потоа: ‘Секако’. Да, изненаден сум, и не, не сум изненаден“, објасни Клоп, потсетувајќи на случајот на Јуп Хајнкес, кој исто така беше сменет во 1998 година и покрај тоа што ја освои Лигата на шампионите.

Клоп испрати и порака до раководството на мадридскиот клуб за спортското планирање. „Би препорачал, кога ќе отпуштат тренер, да имаат идеја кој ќе биде негов наследник“, рече тој и додаде: „И тоа да биде реалистично. Ако мислат дека можат да го донесат Пеп, би рекол дека шансите не се особено големи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…