Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во овој момент е поблиску до заминување отколку да остане во клубот, а интересна изјава на оваа тема имаше и Џејми Карагер. На легендата на Ливерпул му пречеше себичноста на Салах во оваа ситуација.
По победата на гостувањето кај Саутемптон во неделата, Мохамед Салах изјави дека не добил понуда од клубот иако е скоро декември и му истекува договорот на крајот од сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Навивачите очекувано се загрижени, но Џејми Карагер ги гледа работите поинаку.
„Секако дека имаше разговори. Во овој момент, јасно е дека постојат јасни разлики помеѓу тоа што мисли клубот и што размислуваат Салах и неговиот агент за тоа колку долго треба да трае тој нов договор. Значи, причината зошто Ливерпул досега не излезе со понуда е затоа што Салах би ја одбил понудата. Тие преговараат и навистина се надевам дека ќе најдат средина“, изјави Карагер за Скај Спорт.
„Но, морам да кажам дека сум многу разочаран од Салах. Тоа интервју синоќа. Ливерпул следната недела го чекаат натпревари со Реал Мадрид и Манчестер Сити.
А Мо Салах, и јасно ни е дека е локален новинар близок до клубот, кој во седум години двапати дојде во микс зоната.. Во ред. Но, тој застана таму по победата против Саутемптон и го кажа тоа. Ако продолжи да дава вакви изјави или неговиот агент продолжи да објавува шифрирани твитови, мислам дека тоа е себично. Тоа покажува дека мислат само за себе, а не за клубот“, заклучи Карагер.