Дома Фудбал Како Флик ги намалил тензиите? Гави објасни што се случувало пред натпреварот со Еспањол

Како Флик ги намалил тензиите? Гави објасни што се случувало пред натпреварот со Еспањол

Барселона победи на гостувањето против Еспањол во градското дерби (2:0) со головите на Ламин Јамал и Фермин Лопес, а прославата на титулата две кола пред крајот на сезоната остана во сенка на ужасните настани пред натпреварот.

Повеќе од 14 луѓе беа повредени кога автомобил се залетал во маса навивачи на Еспањол пред натпреварот, што било предизвикано од физички напад на поединци од таа група на возилото.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Ќе има време за славење каде и да се најдеме. Тренерот не сакаше да славиме таму. Славевме малку, па продолжуваме утре“, објасни играчот на средината од каталонскиот гигант дваесетгодишниот играч Гави пред новинарите по натпреварот.

Германскиот тренер Ханси Флик ги повика своите играчи да ја прослават титулата далеку од стадионот поради немилиот настан во кој, по среќа, никој не изгуби живот. Стратегот на Барселона инсистираше на прослава на 28. титула шампион на Шпанија во соблекувалната и со семејството, а прославата да се пренесе на улиците на вториот најголем град на Иберискиот полуостров.

Навивачите на Еспањол се обидоа на сите можни начини да го прекинат славењето на играчите со влегување на теренот и физички пресметки со фудбалерите, но и со бакљада, а Гави ја разбира нивната потреба за протест и ривалството на градските клубови.

Фото: Barcelona FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…