Дома Трансфер зона Kиелини ја добил првата понуда од МЛС лигата

Kиелини ја добил првата понуда од МЛС лигата

Во понеделникот Џорџо Киелини се збогуваше од Јувентус и ги одигра последните минути пред домашните навивачи. После 17 години дефанзивецот ќе го напушти Торино и ќе заигра во друга средина, најверојатно тоа ќе биде МЛС.

Киелини сака да одигра барем уште една сезона, а пред себе ќе има и уште еден натпревар во националниот дрес. Последниот натпревар за Италија Киелини ќе го одигра против Аргентина на „Вембли“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат и дека Киелини ја добил првата официјална понуда за продолжување на кариерата и тоа од тимот на Лос Анџелес ФЦ. Очекувањата се Киелини да ја прифати оваа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…