
Јувентус има најголема амбиција да го донесе италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали од Њукасл во овој летен трансфер период.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тонали, кој пред две години беше продаден на Њукасл за 70 милиони евра, ја пропушти минатата сезона поради суспензија.
Тековната сезона неговите настапи се извонредни, но и самиот има желба да се врати во Серија А кога таа ќе заврши.
Ако Њукасл не обезбеди место во Лигата на шампиони, тогаш има можност да го продаде Тонали. Јувентус веќе е подготвен да понуди 50 милиони евра за да го добие неговиот потпис.