Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ по историскиот настап: Статистиката не ми е важна

Joкиќ по историскиот настап: Статистиката не ми е важна

Денвер го врати водството во финалната серија од НБА лигата и поведе против Мајами со 2:1, изминатата вечер тимот на Јокиќ славеше со 94:109.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фантастичен настап имаше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции и така стана првиот кошаркар кој во една финална серија успеал да има повеќе од 20 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Неговиот историски настап е една од главните теми во спортските медиуми во САД, но Јокиќ не се оптеретува премногу со статистиката.

„Статистиката не ми е многу важна. Мило ми е што победивме, тоа беше многу важен натпревар, ќе беше лошо ако загубевме два меча во серија. Сега треба да победиме и на следниот натпревар, тоа е единствениот начин на кој размислуваме за да дојдеме до целта“, изјави Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…