Дома Останати Кошарка Joкиќ се изедначи со Меџик Џонсон, пред него се само уште две легенди

Joкиќ се изедначи со Меџик Џонсон, пред него се само уште две легенди

Тимот на Мајкл Мелоун изгуби во Лос Анџелес од Клиперс со 126:12, a Никола Јокиќ во овој натпревар постигна 28 поени (12/24 од игра, 2/7 за три, 2/4 од слободни фрлања), со 14 скокови и 11 асистенции, што беше неговиот осми трипл-дабл во сезоната.

Центарот на Нагетс вкупно реализираше 138. трипл-дабл во кариерата и така изедначи со Меџик Џонсон на вечната листа на НБА лигата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сега пред српскиот кошаркар се наоѓаат Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл и Расел Вестбрук, кој моментално има 200 трипл-дабл успеси во кариерата.

Јокиќ до 138. трипл-дабл во кариерата дојде по 690 натпревари во НБА лигата, додека на Меџик му требаа дури 190 натпревари повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Перо Антиќ брзо ѝ се врати на кошарката – има нова улога!

Поранешниот македонски кошаркар и поранешен репрезентативец Перо Антиќ повторно се враќа в…