Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ со нов личен рекорд за оваа сезона донесе победа за Денвер 🎥

Joкиќ со нов личен рекорд за оваа сезона донесе победа за Денвер 🎥

Никола Јокиќ само три дена подоцна одново го собори својот личен рекорд сезонава. Во триумфот на Денвер над Сан Антонио (132:120), српскиот кошаркар постигна 39 поени.

Јокиќ беше без поддршка од Гордон и Мареј, а една асистенција му недостасуваше за трипл-дабл бидејќи имаше уште 11 скока. На спроитивната страна одличниот Виктор Вембанјама го заврши натпреварот со дабл-дабл од 22 поени и 11 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кај Денвер се истакна Мајкл Портер со 25 поени и седум скока, додека Реџи Џексон додаде 20 поени, седум скока и шест асистенции.

За Денвер ова беше само втора победа во последните пет натпревари и остана на четвртата позиција на Западната конференција додека Сан Антонио е последен со биланс од 3/14 и 12 порази во низа.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки – Портланд 108-102

Бостон – Атланта 113-103

Мемфис – Минесота 97-119

Њујорк – Феникс 113-116

Орландо – Шарлот 130-117

Бруклин – Чикаго 118-109

Кливленд – Торонто 105-102

Денвер – Сан Антонио 132-120

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…