Дома Останати Кошарка Joкиќ ги израдува Србите

Joкиќ ги израдува Србите

Првиот човек на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ зборуваше за настапот на српските спортисти на Олимписките игри наредната година во Париз и во таа прилика откри одлични вести за српската јавност.

Имено, најдобриот српски кошаркар и член на Денвер, Никола Јокиќ ќе игра за Србија на овој турнир. Србија на Светското првенство освои сребро и тоа без своите најдобри кошаркари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Треба да се земе во предвид дека до среброто дојдовме без НБА шампионот и МВП, Никола Јокиќ, МВП на Евролигата, Василије Мициќ и Никола Калиниќ. Екипата се соедини и го извлече најдоброто од секој поединец. Така е во ској спорт.

Можам да бидам горд на сезоната на Новак Ѓоковиќ и светското злато на Ивана Шпановиќ. Инаку, веќе најавив дека сите ќе играат во Париз, па и Никола Јокиќ. Игрите во Париз ги очекуваме со нетрпение, Србија ќе има голем број учесници“, изјави Маљковиќ за мадритски „АС“.

Ќе потсетиме, Србија на Мундобаскетот во финалето беше поразена од Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Далас обезбеди полуфинале

Кошаркарите на Денвер обезбедија пласман во полуфиналето на Западната конференција во плеј…