Дома Останати Кошарка НБА Joкиќ по историскиот настап: Статистиката не ми е важна

Joкиќ по историскиот настап: Статистиката не ми е важна

Денвер го врати водството во финалната серија од НБА лигата и поведе против Мајами со 2:1, изминатата вечер тимот на Јокиќ славеше со 94:109.

Фантастичен настап имаше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции и така стана првиот кошаркар кој во една финална серија успеал да има повеќе од 20 поени, 20 скока и 10 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот историски настап е една од главните теми во спортските медиуми во САД, но Јокиќ не се оптеретува премногу со статистиката.

„Статистиката не ми е многу важна. Мило ми е што победивме, тоа беше многу важен натпревар, ќе беше лошо ако загубевме два меча во серија. Сега треба да победиме и на следниот натпревар, тоа е единствениот начин на кој размислуваме за да дојдеме до целта“, изјави Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Најбараниот дефанзивец потпиша за Манчестер Јунајтед

Сагата за иднината на францускиот дефанзивец Лени Јоро заврши и денес стави потпис на дого…