Дома Кошарка Joкиќ испиша историја и влезе во елитно друштво, 39 поени на Дончиќ не беа доволни 🎥

Joкиќ испиша историја и влезе во елитно друштво, 39 поени на Дончиќ не беа доволни 🎥

Никола Јокиќ продолжи да блеска и измината вечер во НБА лигата дојде до уште еден трипл-дабл (133:112) и тој беше негов 100-ти во кариерата.

Само петмина во историјата можат да се пофалат со троцифрен број на вакво остварување и тоа се: Леброн Џејмс 106, Џејсон Кид 107, Меџик Џенсон 138, Расел Вестбрук 198 и Оскар Робертсон 181. Натпреварот против Хјустон, Јокиќ го заврши со 14 поени, 11 скока и 10 асистенции, на теренот помина само 28 минути и доби поголем одмор поради водството на неговиот тим.

На својот 24-ти роденден Лука Дончиќ играше одлично, но тоа не беше доволно Далас да слави против Индијана (122:124). Словенецот постигна 39 поени и додаде уште осум скока и шест асистенции. Во победничкиот тим најефикасен беше Халбутрон со 32 поени, седум скока и шест асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Вашингтон 116-119, Бруклин – Милвоки 104-118, Мемфис – ЛА Лејкерс 121-109, Торонто – Чикаго 104-98, Хјустон – Денвер 112-133, Оклахома – Сакраменто 117-123, Далас – Индијана 122-124, Јута – Сан Антонио 94-102, Голден стејт – Портланд 123-105, ЛА Клиперс – Минесота 101-108.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Со 25 поени Димитријевиќ ја направи разликата за Арис на Лефкада

Ненад Димитријевиќ беше прв стрелец на Арис во гостинската победа над Лефкада со 88:77. Ма…