Дома Кошарка Јанис „распали“ по Војнаровски: Му недостигаш ли на некој?

Јанис „распали“ по Војнаровски: Му недостигаш ли на некој?

Јанис Адетокумбо е кошаркарот за кого најмногу се пишува, заедно со Кевин Дурант изминативе денови, поради потенцијалната замена на клубот за двајцата.

Додека за Дурант е извесно, за Јанис не постојат сериозни информации дека ќе го напушти Милвоки.

Посебно Шамс Шаранија беше активен околу можниот трансфер на Јанис Адетокумбо.

„На некој му недостига ли Вој (Адријан Војнаровски)?“, напиша тој на социјалната мрежа “X”.

Војнаровски е пензиониран новинар кој секогаш имаше најдобри информации од НБА-лигата и објавуваше само проверени податоци на социјалните мрежи.

Сите 12 сезони Јанис ги помина во Милвоки и се чини дека сега е извесно дека ќе остане во тој клуб, особено затоа што медиумите делумно и ги прекинаа приказните за неговото заминување.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Звезда со ново раководство во Собранието и зелено светло за преговори со Евролигата

Драган Лончар е избран за претседател на Собранието на Црвена звезда, а Жељко Дрчелиќ доби…