Барселона одигра одлична сезона и се наоѓа во најтесниот круг на фаворити за освојување на сите три трофеи. Моторот на овој тим е Ламин Јамал кој истакна дека неговиот тим има квалитет да оди до крај во сите натпреварувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најдобриот млад фудбалер во Европа на почетокот на разговорот за „Ел Мундо Депортиво“ истакна дека само на Ливерпул му признава дека е поголем фаворит за освојување на Лигата на шампионите.
– Мислам дека Ливерпул е единствениот поголем фаворит од нас во Лигата на шампионите. Просто, затоа што прв обезбеди пласман понатаму. Мислам дека можеме да се натпреваруваме за трофејот, дека можеме да одиме до крај. Треба да мислиме дека сме тим кој игра најдобар фудбал и во Шпанија и во Европа. Не сакам да бирам меѓу Ла Лига и Лигата на шампионите, одиме по двата трофеја – изјави Јамал.