Дома Фудбал Јамал играше фудбал во најопасната фавела на Рио (Видео)

Јамал играше фудбал во најопасната фавела на Рио (Видео)

Ламин Јамал, младиот ас на Барселона и новата голема ѕвезда на светскиот фудбал, ги изненади многумина со својата постапка за време на одморот во Бразил. Наместо гламур и луксуз, тој одлучи да игра фудбал со локалните деца – и тоа сред една од најопасните фавели во Рио де Жанеиро.

Фудбалерот на Барселона беше забележан како игра со децата длабоко во срцето на злогласната фавела Рочина, која е позната по високата стапка на криминал, пукањата и секојдневните пресметки на криминални групи. Во тие предели, забегани куршуми не се реткост, а животи се губат и без причина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, Ламине Јамал, кој и самиот пораснал во не многу безбедно окружување, покажа дека не се плаши од улиците. Со насмевка на лицето играше со децата и изгледаше целосно опуштено, и покрај околината каде и локалните жители одат со претпазливост.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жестока пресметка на Винисиус и Белингем, и тоа само неколку минути пред црвениот картон? (Видео)

Винисиус Жуниор и Џуд Белингем имаа вербална пресметка на крајот од натпреварот против Бае…