Дома Тенис Ja покажа својата големина: Откако го победи, Ѓоковиќ испрати порака до Алкараз

Ja покажа својата големина: Откако го победи, Ѓоковиќ испрати порака до Алкараз

Голема борба водеа вчера Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз за пласман во финалето на Ролан Гарос, а моментот кој го одлучи мечот се случи на почетокот на третот сет.

Младиот Шпанец се повреди и почна да чувствува грчеви во есната рака и листот на десната нога. Неколку пати му беше укажувана помош, но никако не успеа да го продолжи мечот во нормален ритам.

Ѓоковиќ доминираше во преостанатите два сета и лесно ги доби со по 6:1, така обезбеди пласман во своето седмо финале на овој турнир.

Со изјавите по мечот Ѓоковиќ испрати пофалби до Алкараз и му искажа голема поддршка, а подоцна испрати порака и преку неговиот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…