Дома Фудбал Репрезентации Jугословенската легенда седнува на клупата на Косово?

Jугословенската легенда седнува на клупата на Косово?

Репрезентацијата на Косово квалификациите за Европското првенство ги заврши на петтото место во групата, а наскоро би можеле да добијат нов селектор.

Селекцијата на Косово во квалификациите беше подобра само од Андора, а остана зад Романија, Швајцарија, Израел и Белорусија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите на „Спортске.ба“, најсериозен кандидат за селекторската позиција на косовоската репрезентација е легендарниот југословенски тренер, Блаж Бака Слишковиќ. Тој би требало да го замени Примож Глих, досегашниот селектор и да го води тимот во квалификациите за Светското првенство.

Слишковиќ е добро познато име на просторите на поранешна Југославија. Добар дел од кариерата помина во сплитски Хајдук, а кариерата ја заврши во 1999 година како фудбалер на Зрињски.

Од 2002 до 2006 година беше селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, додека последниот ангажман го имаше во 2021 година кога го водеше Железничар на четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дефинитивно има проблем: Погледнете како Салах се однесуваше кон Клоп 🎥

Eдна од главните теми во фудбалскиот свет е караницата помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах …