Дома Фудбал Италија Jувентус сега се ослободува од „вишокот“

Jувентус сега се ослободува од „вишокот“

juventus

Јувентус имаше совршен траснфер период, навивачите се презадоволни и не можат да го дочекаат старотот на новата сезона, а сега соновите се за подигање на трофејот во Лигата на Шампионите.

Она што за Алегри претставува проблем е огромниот број на играчи, а јасно е дека нема да има место за сите, па на сличен начин Јувентус мораше да го ослободи Стураро, а сега има проблем со младиот напаѓач, Кин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мојс Кин е 18-годишен талентиран напаѓач кој во Јувентус пристигна во 2010. година од Торино. Му предвидуваат одлична кариера, но јасно е дака за сега нема место во првиот тим.

Овој напаѓач го сакаа Монако и Лидс, а Јувентус се обиде да ја стави и опцијата да го откупи играчот, но Монако не се согласи на тоа, додека Лидс не можеше да ја плати цената која „Старата дама“ ја бараше за Кин. Покрај овие два тима, се споменуваше и германскиот Дормтунд.

Kин за сега ќе остане во Јувентус, а клубот од Торино ќе се обиде да го испрати на позајмица, за да има поголема минутажа. Кин минатата сезона ја помина на позајмица во Верона, каде што постигна 4 гола на 20 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…