Дома Топ вести Jувентус – Икарди: Изгледа го добивме првиот доказ дека нешто се случува! (ФОТО)

Jувентус – Икарди: Изгледа го добивме првиот доказ дека нешто се случува! (ФОТО)

Изгледа го добивме првиот најдобар доказ дека на релација Икарди – Јувентус нешто се случува.

Мауро Икарди не го продолжил својот договор со Интер, а после се што се случи тешко е да очекуваше дека Аргентинецот ќе ја продолжи соработката.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Икарди ја изгуби капитенската лента во редовите на Интер која во иднина ќе ја носи Сами Хандновиќ, а освен тоа го пропушти и натпреварот против Рапид Виена во Лигата на Европа без никаква причина.

Денес стигна и веста дека ќе ја пропушти средбата за викендот против неговиот поранешен клуб Сампдорија. Од Интер порачаа дека се работи за ситгна повреда, но во таквите нивни објаснувања во оваа ситуација никој не верува.

Јасно е дека Ванда направи проблем со барањата и коментарите во јавноста за случувањата во клубот.

icardi vanda

Икарди на големо се поврзува со заминување од Интер, а во овие моменти најблиску до него според се што се случува е најголемиот ривал на Интер, Јувентус.
Фабио Партичи во интервјуто за Газета дело Спорт неодамна потврди дека Јувентус ќе се обидел да го купи Икарди на лето, но таа зделка била стопирана поради доведувањето на Роналдо.

Италијанскиот новинар, Валер Де Маџо пак изјави дека се што му се случува на Икарди во Интер е поради тоа што според него веќе тој има договор со Јувентус.

„Мислам дека во Интер веќе знаат дека Икарди има договор со Јувентус. Интер е голем клубот и Марота е одличен спортски директор кој добро си ја знае работата. Одземањето на капитенската лента е голема одлука и поради тоа сум сигурен – Икарди веќе постигнал договор со Јувентус“, изјави Де Маџо за „Калчомеркато“.

Како што споменавме на почетокот сега изгледа го добивме првиот доказ дека нешто се случува.

Имено капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини започна да го „следи“ Икарди на социјалната мрежа Инстаграм.

Икарди и Киелини засега барем во јавноста не се поврзани, не играат за иста репрезентација, па поради тоа потегот на Киелини крена огромна прашина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …