Дома Фудбал Италијанскиот селектор со совет до Рома: Него морате да го задржите!

Италијанскиот селектор со совет до Рома: Него морате да го задржите!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија Лучано Спалети изјави дека Рома треба да го задржи напаѓачот Пауло Дибала, пренесоа денес италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст



Рома во неделата ја совлада Парма со 5:0 во првенството, а Дибала беше двоен стрелец.

Тој летово беше на чекор од заминување од Олимпико и премин во еден од саудиските клубови, но се предомисли и остана во Италија, но се шпекулира дека би можел да ја напушти Рома.

“Дибала, како што сите знаат, е играч што може да ја направи целата екипа да игра подобро. Има техника, способност да се поврзе со тимот и квалитет секогаш кога ќе добие топка. Има самодоверба пред голот. Само му треба малку повеќе физичка сила, но е играч од прва класа”, изјави Спалети за Ла Доменика Спортива, пренесе TMW.

Некогашниот тренер на Рома оцени дека е важно да се задржи 31-годишниот Аргентинец во клубот. “Не е на мене да кажам дали Рома треба да го задржи. Знам дека Дибала е силен играч, а за екипа што сака да изгради силен менталитет, важно е да задржи играчи како него”, наведе Спалети.

Дибала оваа сезона одигра 14 натпревари во Серија А и постигна четири гола, а на два меча одигра по 90 минути, откако Клаудио Раниери ја презеде екипата.

Раниери рече дека е сигурен дека Дибала е среќен во Рома. Некои медиуми пренесоа дека Дибала е на чекор од останување, бидејќи според постоечката клаузула, неговиот договор може автоматски да биде продолжен на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…