Дома Фудбал Инѕаги горд на своите фудбалери: Ова беше Супер Интер

Инѕаги горд на своите фудбалери: Ова беше Супер Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, изјави дека е горд на играчите и истакна дека неговиот тим заслужено го избори пласманот во финалето на Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер се пласираше во финалето на ЛШ, по победата во Милано по продолженијата над Барселона (4:3), во реванш натпреварот од полуфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување.

Првиот натпревар во Барселона заврши нерешено – 3:3, а со истиот резултат заврши редовниот дел од натпреварот во Милано.

„Треба да се пофали и Барселона, бидејќи е многу силен противник. Беше потребен еден ‘Супер Интер’, затоа сите пофалби за моите играчи за две неверојатни натпревари. Тоа беше единствениот начин да се стигне до финалето, горд сум што сум нивен тренер, дадоа сѐ од себе, дури и тие што влегоа од клупата“, рече Инѕаги, пренесуваат италијанските медиуми.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез за време на „Ел Класико“ го зеде телефонот и направи клучен повик

Поразот во Ел Класико беше јасен знак за Флорентино Перез да сега мора да започне со проме…