
Шефот на стручниот штаб на Интер Симоне Инзаги е оптимист кога станува збор за здравствената состојба на играчкиот кадар пред реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на Шампионите против Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Клучни играчи под знак прашање за „нераѕурите“ се аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез и францускиот дефанзивец Бенѕаман Павар, а 49-годишниот италијански стручњак навести дека можеби ќе може да смета на нив.
Мартинез се повреди во првото полувреме на натпреварот на Монжуик, кој заврши со резултат 3:3, додека Павар го повреди зглобот пред гостувањето во Шпанија.
„Мотивацијата е клучна, но мора да сметате и на тоа како се чувствуваат лично. Павар вчера (недела) нешто работеше со групата. Чувството е добро. Лаутаро е надвор од тимот од среда, но сигурно ќе работи нешто со нас, па ќе ја донесеме вистинската одлука по разговорите со него и стручниот штаб“, објасни Инзаги за италијанскиот Скај спорт.
Она што би можело да го загрижи е враќањето на Роберт Левандовски на терен бидејќи Барселона потврди дека полскиот напаѓач е на списокот за патници за Милано.
Реванш натпреварот на „Џузепе Меаца“ е на програмата во вторник од 21 часот.
Фото: Inter/X