Дома Фудбал Интер даде информација за повредата на Лаутаро

Интер даде информација за повредата на Лаутаро

Капитенот на Интер Лаутаро Мартинес најверојатно ќе го пропушти реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона. Напаѓачот беше заменет принудно на полувремето од првиот меч, кој заврши со 3:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По детални прегледи утрово се дозна дека Аргентинецот има “истегнатост на флексорните мускули на левото бедро. Неговата состојба ќе се следи од ден на ден”. Ова е официјалната информација од страна на клубот во врска со повредата на Лаутаро. Според “Скај Италија”, заздравувањето од ваква повреда најчесто е околу една недела.

Ова значи дека е малку веројатно тој да се опорави за реваншот со Барселона. Најдобрата опција за “нерадзурите” е тој да биде на клупата за резерви на натпреварот во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Белгија откри што му кажа Балогун по натпреварот

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, откри интересен детал по победата на неговата репрезе…