Дома Боречки спортови Инфлуенсер предизвика ММА-легенда, па заврши брутално нокаутиран (Видео)

Инфлуенсер предизвика ММА-легенда, па заврши брутално нокаутиран (Видео)

Легендарниот бразилски борец Антонио Рожерио Ногеира, познат како Минотауро или ‘Малиот бик’, ги покажа своите вештини во боксерскиот ринг каде што брутално го нокаутираше инфлуенсерот по име Фабио Тадала.

Иако многу помладиот инфлуенсер успеа да ја преживее првата рунда против 48-годишната легенда, набргу потоа заврши на подот. Успеа да упати и неколку удари, но брзо беше пратен во ‘сон’.

Минотауро беше безмилосен на крајот на втората рунда, кога со одличен удар го фиксираше Тадала, кој беше тешко нокаутиран и мечот заврши со победата на Бразилецот.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …