Дома Боречки спортови Инцидент во Лондон: Мејведер нападнат од 10 лица (Видео)

Инцидент во Лондон: Мејведер нападнат од 10 лица (Видео)

Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер беше нападнат на улица во центарот на Лондон, додека беше на шопинг.

Мејведер беше облечен во зелена јакна и се соочи со група луѓе, додека неговите телохранители се обидуваа да го извлечат од продавницата за накит.

Извор близок до Флојд истакна дека ниту еднаш за време на хаосот боксерот не бил физички нападнат, односно дека Американецот добил многу расистички навреди на негова сметка.

Исто така, се наведува дека нападот дошол поради тоа што Мејведер го поддржува Израел.

„Имаше можеби осум до десет луѓе кои одеа по него, а околу 20 или 25 кои гледаа. Мајведер беше упорен и кажа дека е горд што ги поддржува Евреите. Потоа неколку луѓе се обидоа да го удрат“, тврди извор „Сан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Боречки спортови

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …