
Откако доживеа тежок судир и доби удар во глава, голманот на Милан Мајк Мањан се чувствува добро и беше отпуштен од болницата во Удина.
Францускиот чувар на мрежата Мајк Мањан вчера вечер доживеа сериозна повреда на глава. При излетување кон една топка, се судри со неговиот соиграч Алекс Хименез, кој беше во полн трк.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Мањан остана да лежи и без свест неколку минути, за што време неговите соиграчи се молеа за него. Беше изнесен на носила, а моментите на неверување беа заменети со аплаузи од целиот стадион полн со ривалска публика.
За среќа, состојбата на Мањан е добра. Тој помина ноќта во болницата во Удина под будно око на докторите, каде што му утврдиле трауматска повреда на глава.
Мањан брзо дојде при себе во болницата и ноќта ја помина во Удина, од каде што утрото беше отпуштен и се врати дома во Милано.
Сите тестови беа негативни и сите страни се согласија дека Мањан може да биде отпуштен од болницата. Не е познато дали оваа повреда ќе има последици врз неговите претстојни настапи и дали можеби ќе носи заштита за глава како што многу голмани правеле во минатото, најчесто Петр Чех.
Ако сакате, можете да го погледнете вознемирувачкиот момент овде.
Фото: Пртинскрин