Дома Фудбал Херојот на Реал Мадрид „урлаше“ по Симеоне: Ајде кажи нешто сега (Видео)

Херојот на Реал Мадрид „урлаше“ по Симеоне: Ајде кажи нешто сега (Видео)

Реал Мадрид извојува важна победа во градското дерби против Атлетико Мадрид, триумфирајќи со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главниот херој на „кралевите“ беше Брахим Дијаз, кој го постигна победничкиот гол и донесе значајна предност за својот тим во пресрет на реваншот. Младиот офанзивец не само што се прослави со погодокот, туку и привлече внимание со својата реакција по мечот, кога му се обрати на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

„Зборуваше вчера, ајде кажи нешто и сега!“, извика Дијаз кон аргентинскиот стратег, очигледно алудирајќи на изјавите кои Симеоне ги даде во пресрет на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …