Дома Фудбал Ханзи Флик: Научивме лекција од претходната сезона во ЛШ

Ханзи Флик: Научивме лекција од претходната сезона во ЛШ

Откако минатата сезона остана на чекор од финалето, тимот на Барселона се враќа во Лигата на шампионите со амбиција да стигне до крајот. Патот на шпанскиот првак во новото издание на турнирот почнува со гостување на Њукасл. И овој пат каталонците ќе бидат без Ламин Јамал, кој не е закрепнат од повредата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дали Барселона е фаворит за освојување на ЛШ
Не мислам на тоа кој е фаворит. Има многу добри екипи. Ние ќе работиме напорно за да се подобриме секој ден. Моето искуство вели дека мораш да даваш максимум во секој натпревар. Тоа го видовме минатата сезона. Научивме ја лекцијата и мораме да бидеме подобри секој ден – од минатогодишната Лига на шампиони и од секој дуел. Мислам дека секој покажува колку е добар. На теренот сакам да видам истото што го направивме против Валенсија. Мораме да покажеме на што сме способни.

Отсуството на Јамал и кога ќе се врати
Сакам да зборувам за играчите кои можат да играат. Сега Ламин нема да може да го направи тоа, а за во недела ќе видиме. Имаме добар состав и играчи за таа позиција. Рашфорд е во тимот. Се надевам дека ќе го покаже тоа што го направи во недела. Не мислам дека треба да притискаме работите и да ги поставуваме крајните рокови. Располагаме со фантастичен медицински тим, ќе видиме како ќе се развиваат работите. Ако се врати, мора да биде сто проценти спремен. Тој е млад фудбалер и мора да го чуваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го напушта Манчестер Сити, наследникот е веќе познат: „Сите очекуваат да се случи ова“

Една голема ера се ближи кон крајот. По 10 години на клупата на Граѓаните, Пеп Гуардиола в…